ИСТОРИЈА

Општинската Установа Музеј на град Неготино е основана во 1978 година со Одлука на Собранието на Општина Неготино и е институција која делува во областа на културата. ОУ Музеј на град Неготино е културно, просветна и научна установа, која преку систематско истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на музејскиот материјал, го шири образованието за културното наследство, трајно ги задоволува културните потреби на работните луѓе и граѓаните и придонесува за унапредување на стручната и научно-истражувачка работа и развој на културата, науката, образованието и други дејности. ОУ Музеј на град Неготино е музеј од општ карактер, односно комплексен музеј во кој работењето се организира преку организациони единици – одделенија:

1. Одделение за археологија;
2. Одделение за историја;
3. Одделение за етнологија;
4. Одделение за ликовна уметност;

Првата изложба била организирана во 1978 година и содржела материјали од ликовното творештво на познатиот ликовен уметник Димче Протуѓер. Установата располага со изложбен простор од 450 м2 за постојани музејски поставки и околу 100 м2 за повремени изложби. Во 2008 година е дограден дел од дополнителни 200 м2 со донација од Италијанската амбасада преку фондацијата “Тиквешки вински пат“ за развој на вински туризам. Денес во овој простор се наоѓа етнолошко-винската поставка, а во долниот дел е сместен Лапидариумот кој содржи дел од збирката на камена пластика на ОУ Музеј на град Неготино.


ОРГАНИЗАЦИЈА

ДИРЕКТОР

Александар Донов, Магистер на етнолошки и антрополошки науки. Дипломира на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје, во декември 2001 година на Природно –математички факултет, на катедрата по Етнологија. Магистрира во 2011 година на истиот факултет на студиската програма Етнологија и антропологија, насока: Етнологија на Македонците, на тема: Етнолошко и антрополошко проучување на локалните културни политики и практики. Вработувања: oд 2005 до 2023 година e вработен во Општина Неготино како советник за развој и унапредување на културата, спортот и соработка со здруженија и фондации. Од декември 2023 година е именуван за директор на ОУ Музеј на град Неготино.

КОЛГЕИУМ ОУ Музеј на град Неготино - Неготино

Оддление за археологија и ликовна уметност:
Костадинка Филипова, кустос историчар на уметност и археолог

Одделение за етнологија:
Драгица Чекоровска, етнолог-кустос советник
Марија Ристова, благајник
Васка Ѓорѓиева, хигиеничар-курир
Васка Настова, правник

УПРАВЕН ОДБОР
Управен одбор на ОУ Музеј на град Неготино
Претседател на УО: Надица Мицова,
Член (надворешен): Тане Ангеловски
Член (надворешен): Боби Митковски
Член (внатрешен): Марија Ристова
Член (внатрешен): Васка Ѓорѓиева


ОДДЕЛЕНИЈА

АРХЕОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ

ЕТНОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ

ИСТОРИСКО ОДДЕЛЕНИЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ