Во текот на изминатиот период ОУ Музеј на град Неготино има организирано околу 300 ликовни изложби на ликовни уметници од Неготино, на уметници од Република Македонија, од просторот на поранешна Југославија и од странство.
Во текот на своето работење ОУ Музеј на град Неготино има валоризирано збирка на ликовни дела, а во наредниот период музејот ќе продолжи со ваквата активност на организирање на ликовни изложби и со збогатување на збирката на ликовни дела од реномирани уметници преку откуп на истите.