• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 18 февруари 1919 година во с.Курија, Неготино е роден ДОНО АЛЕКСОВ НАЈДОВ


Сподели на Facebook
18.02.2020 г. - Музеј на град Неготино

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 18 февруари 1919 година во с.Курија, Неготино е роден ДОНО АЛЕКСОВ НАЈДОВ.
Откако го завршува основното училиште во соседното село Паликура, Доно го памети детството по тешката полска работа. Кога пораснал, се жени и формира семејство кое одвај го прехранува. Кон средината на август 1943 година, Доно заминува во НОВ, оставајќи жена и шестмесечно машко дете. Распореден во18-та Бригада, уште во првите борби тој се истакнува со својата храброст. Со својата единица води борба со последните останки на окупаторот во Кичевско. Таму се разболува од тифус и по кратко боледување умира на 10 февруари 1944 година во болницата во Кичево.

© Сите права задржани.