НЕДЕЛА НА ВИНОТО, Св.Трифун, 2020 - Неготино! Богата програма во ОУ Музеј на град Неготино во соработка со локалната самоуправа на општина Неготино, по повод празнувањето на Св.Трифун, заштитник на лозарите! - Дегустација на индувидуални производители на вино “Вранец“, - Изложба на дела на локални уметници на тема “Св.Трифун", - “Раванијада“ и “Зелникот на баба“, - 16-та Традиционална Изложба на резба на ЗЗН “Стари Занаети“ од Неготино, збогатена со изведба на пијано и виолина од учениците од ООМУ “Владимир Арсовски“ од Неготино! - Св. Трифун: Одгледувањето на винова лоза и производство на вино е прастара традиција, таа почнува неколку милениуми пред нашата ера , а во Македонија и Балканот за време на Римското царство. Долгата традиција на производството и употреба на виното е влезена во свеста на народот. Виното како пијалок е присутно во филозофијата, религијата, во песните и во многу обичаи. Првите податоци за виновата лоза од овие простори се од периодот на Неолитот. Најдени се карбонизирани семиња од дива лоза што не значи и дека се произведувало вино. Првите докази за производство на вино на овие простори датираат од периодот на Антиката. Најдените фрагменти од вотивната плоча со претстава на винова лоза и винови лисја “Баханалии” ни докажуваат за произдвотство на вино на овие простори. Културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците тоа го сторил Дионис, а според Римјаните бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви - погача, вино и жито. Гроздот е симбол на мудроста, а лозовата пенушка е атрибут на божествата на земјоделието и плодородието и го означува виното на животот, следствено и на бесмртноста. Симболизира жртвопринесување преку врската на виното и крстот. Св.Трифун, 14 февруари, на овие простори се слави како заштитник на лозарите и овоштарите. Иконописците на многу икони и фрески во нашите цркви и манастири Св.Трифун го прикажале како младо момче кое во десната рака држи срп, со кој ги кроел лозјата и ги калемел овошките. Обичаите и верувањата поврзани со овој празник упатуваат дека во неговата основа лежи некој голем претхристијански празник поврзан со првите пролетни активности, пред се со обработка на градините и лозјата.