На 17 јануари 2020 година во 13.00 часот беше отворена Изложба на нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на Конвенција на УНЕСКО која што се состои од 27 банери и околу четириесетина предмети изложени во изложбениот салон во музејот. Изложбата е во соработка со НУ Завод и музеј од Битола и Словенскиот етнографски музеј. Aвтори на изложбата се Ања Јерин и Нена Жидов од Словенскиот Етнографски музеј од Љубљана, кустоси за нематеријално културно налседство!