Промоција на преводот на македонски јазик на книгата "Во Лотарингија" на Емануел Рембер (Emmanuel Rimbert), дипломат, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје - Institut français de Skopje, одржана во изложбениот салон на Музеј На Град Неготино! Престојот во Брисел е инспирацијата на Рембер да напише пријателска биографија за Жан-Клод Пирот, белгиски поет, писател, адвокат, анархист и вечен бегалец. Промоцијата беше збогатена со преубави француски шансони изведени на пијано и виолина од страна на професорите Драги Станков и Менка Богоевска од ООМУ "Владимир Арсовски" од Неготино!