23-та Традиционална ликовна изложба на ликовни уметници од Неготино од Ликовната колонија - НЕГОТИНО 2019, 08 Ноември, 18.00 часот, 2019 година!!! Во рамки на празничната програма за одбележување на 75 години од ослободувањето на градот Неготино, се одржа и традиционалната ликовна изложба на ликовни уметници во Изложбениот салон на ОУ Музеј на град Неготино, каде што беа презентирани културните вредности на ликовните уметници од Неготино. Оваа година ликовната изложба беше збогатена со дела од Првата Меѓународна Ликовна колонија - НЕГОТИНО 2019, одржана од 24-29 јуни оваа година во манастирот“Св.Ѓорѓи“ во Неготино. За време на овие пет дена ликовните уметници од Неготино, заедно со ликовните уметници од соседното Кавадарци, Скопје, Куманово и од Република Србија од Белград и Крагуевац, инспирирани од убавините на зелената околина на манастирот, твореа ликовни дела кои ексклузивно за прв пат се изложени во изложбениот салон на Музеј на град Неготино и тоа по повод празникот 8-ми Ноември, ослободувањето на Неготино! Настанот беше збогатен и со изведбата на македонските песни “Билјана платно белеше“ и “Борјано, Борјанке“ од страна на наградените виолинистки на меѓународниот натпревар во Молдавија Ива Ефтимова и Ана Димова, и прекрасната изведба на пијано на познатата нумера од филмот “Кум“ од страна на прекрасниот Трајче Станков! Изложбата е од јавен карактер и може да се посети за време на работното време на музејот!