Иконите од црквата “Св.Илија“ од с.Вешје, општина Неготино (која што, за жал, заради забот на времето е разрушена), евидентирани како културно наследство според НУ НКЦ (Национален конзерваторски центар, Скопје) со броеви од 1667 до 1710 и кои што се чуваа во старото училиште во селото, се превземени и донесени во Општинската установа Музеј на град Неготино за нивно понатамошно безбедно чување. Во присуство на протоѓакон Влатко Стоименов, секретар на Повардарската Епархија од Велес и протоереј Воислав Ѓорѓиев, се потпиша записникот на донесените икони, со што започнува една успешна и убава соработка со Музеј на град Неготино и Повардарската Епархија. Голема благодарност до Општина Неготино за несебичната помош за обезбедениот превоз на иконите од с.Вешје до музејот, до Фено Наков и до сите кои учествуваа во оваа активност за зачувување на културното наследство од општина Неготино!