• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

Археолошки ископувања на локалитетот Чаир рид - с тремник


Сподели на Facebook
31.07.2019 г. - Музеј на град Неготино

Археолошки истражувања на локалитетот „Чаир Рид”, с.Тремник, општина Неготино Во периодот од 11 јули до 31 јули 2019 година се реализираа сондажните истражувања на локалитетот “Чаир Рид“, чија цел е да се добијат научни податоци за стратиграфијата и обемот на овој импозантен археолошки локалитет. Со овие истражувања засега се открија остатоци од живеење од бронзено време, железно време, предримскиот (класичен и хеленистички) период и од римскиот царски период. Пронајдени се остатоци од една градба од римскиот период, која навестува постоење на сакрален објект (храм), но за целосно дефинирање ќе бидат потребни идни пообемни истражувања. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ, според програмата за проекти од национален интерес за 2019 година, како и од општина Неготино. Носител на проектот е општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со Филозофски Факултет-Скопје, Институт за историја на уметноста и археологија, раководители на проектот се проф.д-р Марјан Јованов и проф.д-р Антонио Јакимовски.

 

© Сите права задржани.