На 08 јули 2019 година во Музеј на град Неготино се одржа самостојната изложба на Игор Јосифов насловена како “ЧЕ БИДЕ“. Изложба која е подржана од министерството за култура на Република Северна Македонија и на која се изложени 20-тина ликовни дела на кои се претставени портрети и човечки фигури изработени со огнена рефлексија, уметност својствена за Игор Јосифов. Овој млад уметник поседува талент и уникатност, особини кои ја објаснуваат континуираната еволуција на неговата светска кариера. “Уметникот треба да биде искрен кон себе и кон уметноста која ја твори и споделува со публиката“, се зборови на уметникот Игор Јосифов, и очигледно е дека Јосифов совршено ја разбрал уметноста и со таа формула успева да го остави целиот свет без здив. Она што го издвојува Игор од сите други уметници што ги знаеме во светот е тоа што е македонец профилиран како светски уметник, вклучително талентиран и уникатен, а неговите дела се совршени заради интеракцијата со публиката. Многубројните негови изложби, патувањата низ светот добиваат одлични ликовни критики кои се рефлектираат на самиот развој на делата, перформансите и изложбите. Предизвикувачки се и неговите креативни живи настапи кога присутните имаат можност да погледнат како се создава дело од огнената рефлексија, а вечерта присутната публика во Музеј на град Неготино беше сведок на големо задоволство на сите да го проследи перфпемансот или живиот креативен настап на Игор Јосифов, со содавање на дело со огнена рефлексија, бидејќи тој не престанува да изненадува со своите перформанси. Оваа изложба го претставува повеќегодишното пријателство помеѓу Јосифов и огнот, кој уште како мал го предизвикувал да започне да создава дела кои денес се карактеристични со впечатливост и уникатност само за него. Изложбата ќе биде поставена во музејот до крајот на септември...Меѓу другото Игор Јосифов е роден на 08 Јули, па со креативниот перформанс и мала торта го прославивме неговиот 33 роденден!!!