Две млади графички дизајнерки Симона Трипкова и Маријана Ивановска, се претставуваат на изложбата „Калеидоскоп“ во рамките на европскиот проект КреАрт. Проектот КреАрт има за цел да овозможи на младите артисти поголема мобилност и поголема слобода на изразување, што впрочем е постојаната цел и на проектот МузеумЛинк. На овој начин сите градови кои ќе ја превземат оваа изложба ке бидат дел од семејтвото на европски градови кои се залагаат за поголема мобилност на креативноста и креативните идеи, како и ке ја имаат привилегијата да видат уметнички настапи на творци еднакво како и во големите европски метрополи. Со изложбениот концепт опфатени се триесетина плакатни решенија со кои авторките учествувале или добиле награди на различни светски конкурси третирајки најразлични теми во текот на изминатите неколку години. Резултатите од креативната работа на Маријана и Симона , го потврдуваат фактот дека тие се веќе изградени уметници способни да се соочат со предизвиците на многу истенчениот вкус на конзументите во светски рамки од една страна , истовремено водејќи борба за квалитетно презентирање на професијата графички дизајнер која за жал се уште го нема заслуженото место. Токму затоа, претставувањето на оваа изложба во рамките на проектот CreArt е вистинскиот избор преку кој ќе се акцентира поддршката која ја заслужува малата заедница на графички дизајнери во државата.