• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

Изложба на ракотворби


Сподели на Facebook
08.05.2019 г. - Музеј на град Неготино

Општинската Установа Музеј на град Неготино во соработка со Клубот на пензионери-хуманисти “Анри Динан“ од Неготино, организираа Изложба на ракотворби по повод Светскиот ден на Црвен Крст 8 Мај, и патронен празник на клубот. 8 Мај е Светски ден на Црвен Крст, а е одреден по повод раѓањето на Анри Динан, (фр. Jean Henri Dunant; 8 мај 1828 – 30 октомври 1910), кој воедно е и основач на Црвениот крст. Роден е во Женева, Швајцарија, а во 1901 година ја добил првата Нобелова награда за мир, за неговата улога во основањето на Меѓународното движење на Црвен крст и иницирањето на Женевската конвенција, заедно со Фредерик Паси, основач на Лигата за мир, кој заедно со Динан активно дејствуал и во Алијансата за ред и цивилизација. На изложбата се презентирани рачно изработени ракотворби од рацете на членките на клубот “Анри Динан“ од Неготино.

     

   

 

© Сите права задржани.