Македонските народни песни претставуваат дел од богатото фолклорно наследство на нашиот народ зачувани со усно пренесување од колено на колено! И народните носии имаат многувековна традиција кои што се дел од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво! КУД "Јане Сандански" од Неготино ги чува, презентира и пренесува овие важни традиционални фолклорни елементи од богатото народно творештво пред неготинската и пошироката јавност веќе 40 години!