• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

На денешен ден 15 април 1925 година е роден РИСТО ВЕЛКОВ КОЛЕВ


Сподели на Facebook
15.04.2019 г. - Музеј на град Неготино

На денешен ден 15 април 1925 година е роден РИСТО ВЕЛКОВ КОЛЕВ во с.Тимјаник, Неготино. 
Седумчленото семејство во кое живее Ристо одвај успева да го заработи лебот. За време на окупацијата животот станува уште потежок. Во 1943 г. во Тиквеш е формиран партизански одред и баталјон каде што Ристо во октомври 1943 г. нарамува пушка и заминува кон Радња, во баталјонот "Страшо Пинџур". Во борбите и акциите на баталјонот, а подоцна и во акциите на Втората македонска НО бригада, Ристо е храбар и како ударник напаѓа меѓу првите борци. Заради тоа штабот му доверува да биде пушкомитралезец. Втората бригада во која се наоѓа Ристо влегува во Прилеп, но веднаш е принуден да води борба и градот да го брани од нападот на Германците. На 8 октомври 1944 година бригадата ги потиснува Германците и навлегува во градот кој тие упорно го бранат. Во таа борба, во една улица во Прилеп, Ристо како деветнаесетгодишник е погоден од куршум и паѓа мртов.
СЛАВА МУ на храбриот пушкомитралезец на Втората бригада.

© Сите права задржани.