• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

Теракотните икони од Виничко Кале


Сподели на Facebook
28.03.2019 г. - Музеј на град Неготино

На 28 март 2019 година (четврток) во 13.00 часот во изложбениот салон на Општинската установа Музеј на град Неготино се поставени ранохристијанските керамички релјефи од Виничкото кале во соработка со локалниот археолошки и историски музеј “Теракота“ од Виница. Изложбата е составена од 12 теракотни икони и 8 банери на кои се претставени Виничкото кале и 14 мотиви од теракотните икони. Познатите винички теракотни икони, кои се со потекло од 5 до 7 век од нашата ера, се вбројуваат во редот на најавтентичните археолошки откритија и претставуват драгоцен дел од целокупното Христијанско уметничко наследство. Рустични по начинот на изведбата, автентични во иконографската програма и концизни во содржаната порака, виничките тракотни икони претставуваат сведоштво на високите уметнички дострели на древно христијанската уметност создавана во мугрите на средниот век. Теракотните икони поради својата важност и специфичност досега се презентирани на повеќе светски изложби (Австралија, Германија, Словенија, Бугарија, Холандија, Турција, Португалија, Хрватска, Австрија, Русија, Франција и др). Тие се дел од културното богатство на Македонија и како такви имаат непроценливо значење. 
За непроценливото значење на теракотните икони од Виничкото Кале, говореа Јулијана Иванова, виш кустос и директор на музеј “Теракота“-Виница и Благица Стојанова, виш кустос-археолог од истоимената институција. Вниманието на посетителите на изложбата, беше задржано со интересната презентација од страна на Благица, а настанот од областа на културата беше збогатен со преубавата изведба на клавир од страна на учениците од ООМУ “Владимир Арсовски“ од Неготино, Ивана Зафирова (пијано), Илија Богоев (вилина) и студентката и идниот голем пијанист од Неготино, Стефанија Тегова.
Изложбата во Музеј на град Неготино ќе биде поставена до 15 април 2019 година!

© Сите права задржани.