• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

Научна конференција “Св.Трифун и виното-обичаи,верувања,ритуали“


Сподели на Facebook
13.02.2019 г. - Музеј на град Неготино

Во рамки на програмата за одбележување на празникот Св.Трифун, Општина Неготино и Општинска Установа Музеј на град Неготино, организираа научна конференција која се одржа на 13 и 14 февруари 2019, во салата на Општина Неготино и Музеј на град Неготино, која свечено беше отворена од Градоначалникот на Општина Неготино, Тони Делков. На конференцијата со свои презентации учествуваа: 
- Проф. д-р Дејан Методиески и проф. д-р Оливер Филипоски, Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет “Гоце Делчев“ – Штип:
“Музеите како составен дел од винските рути и винскиот туризам“.
- Д-р Ели Луческа, ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп:
“Појава и развој на култот на Св. Трифун во Македонија““. 
- Проф. д-р Љупчо С.Ристески и доц. д-р Инес Црвенковска Ристеска, Институт за етнологија и антропологија, УКИМ, Скопје:
“Празникот Св.Трифун на крстопат?“
- Драган Величковски, етнолог и Наталија Милковска, етнолог од ЛУ Градски Музеј Крива Паланка: 
“Обичаите поврзани со празникот Св.Трифун во североисточниот дел од Македонија – Крива Паланка и Кратово“.
- м-р Екатерина Намичева, асистент на Европски Универзитет на Р.Македонија, Скопје и д-р Петар Намичев од Универзитет “Гоце Делчев“ – Штип:
“Простории за подготовка и складирање на вино и ракија во традиционалната архитектура во Македонија, крај на 19-ти и почеток на 20-ти век“.
- Јасминка Намичева, архитект кустос-советник од ЛУ Музеј на град Скопје и м-р Екатерина Намичева, асистент на Европски Универзитет на Р.Македонија, Скопје:
“Архитектонски објекти во Скопје (1918-1941), запаметени како “боемски“- јавни простори со аурата на св.Трифун““.
- Оливера Џартовска Тачевска, кустос етнолог, ЛУ Музеј на град Скопје:
"Нова форма на празнување на Св. Трифун во урбаниот простор"
- М-р Татјана Ѓорѓиовска, кустос советник и М-р Славица Христова кустос советник етнолог во ЛУ Музеј на град Скопје
“ Славење на виното".

© Сите права задржани.