(сведоштва за кружните патувања на патничките пароброди на Југословенскиот Лојд во 30-сетите години од минатиот век)
Во 1964 година, Поморскиот Музеј во Дубровник побарал од хотелското претпријатие “Дубровник“ предмети со логотипот на поранешното поморско друштво “Лојд“ поради недостиг на збирката на музејот со такви експонати и примероци. Во пресрет на таквото барање, хотел “Excelsior” на Поморскиот музеј му подарил и 1502 негативи на стакло (10х15 см) од тоа друштво.
Негативите на стакло се значително поостри од оние на хартија и поради тоа и позитивите (фотографиите) се многу подетални и појасни. Зголемените репродукции на негативи на изложбата прикажуваат фотографски записи од патувањата на патничките бродови “Кралица Марија“ и “Принцес Олга“.
Најстарото средоземно паробродско друштво, австрискиот “Лојд“ (подоцна “Лојд Триестино“), веќе имал брза теретна линија на далечниот исток и по отварањето на Суецкиот Канал (почеток на 1870 г.) Лојдовото име станало познато, дури и повеќе од многу претставници на познати светски поморски сили, па дури и со по неколку месеци однапред распродадени карти за далечни патувања, па со тоа “Лојд“ создава имиџ на угледно паробродско друштво.
Долж источно јадранскиот брег и преку Јадранското Море, превозот на патниците во 19 век се повеќе го превземаат бродовите на линиската пловидба, кои од 1879 година пловат и во околината на Дубровник, три пати неделно (понеделник, среда и сабота). На владеачките кругови им требаше подолго време да ја увидат потребата за субвенционирање на големата крајбрежна и долгата линиска пловидба, и дури во 1930 година да започне систематско субвенционирање. Пловните паркови на паробродските друштва се зголемиле до некое ниво и со влијанието на туризмот и поморството, во програмите на југословенската организација “Јадранска стража“ која организирала патувања и посети на крајбрежјето, се вклучуваат и економски прашања како и заштита на културата од продор на странски интереси.
Југословенскиот “Лојд“ е формиран 1 јануари 1929 година со спојување на поморските друштва Атланска пловидба “Иво Рачиќ“ и “Југословенско-Америчка пловидба“. Тоа најголемо паробродско друштво имал 24 пароброди (44.15% од вкупната бродска тонажа во Југославија) со седиште во Загреб. Пред почетокот на втората светска војна друштвото го купи “Excelsior“ во Дубровник, а во својата флота имал и два патнички пароброди “Кралица Марија“ и “Принцес Олга“ на кои како дел од екипажот имал и бродски фотограф.
Луксузот и ниската цена биле намерата на Југословенскоит “Лојд“ да привлечи што поголем број на патници и од пониските слоеви на општеството (чиновници, обични граѓани, занаетчии...). Во почетокот биле предвидени патувања два пати во месецот на релација Сплит-Грција-Сплит, а подоцна и кружни вообичаени патувања на релација Сплит-Грција-Палестина-Египет-Сплит, со кои организирано се одело на ходочастие во светата земја Палестина.
Големиот интерес за овие патувања покажува и податокот дека во 1933 година за 320 слободни места на паробродот “Кралица Марија“ се пријавиле 500 патници...