Посета на учениците од средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј” на Музејот на град Неготино.
Во рамките на годишната програма на училиштето, учениците од СОУ “Св.Кирил и Методиј”, вчера (27.02.) беа во посета на Музејот на град Неготино, каде што во присуство на стручните лица од музејот имаа можност да ги видат и одблизу да се запознаат со изложените предмети од археолошката, историската и етнолошката музејска поставка. Исто така, тие имаа можност да ја разгледаат и неодамна отворената копаничарска изложба на резби на здружението “Стари занаети” од Неготино.
Посетата на Музејот на град Неготино беше одлична можност за учениците, преку изложените експопнати да се запознаат со богатото културно наследство на овој крај и да дознаат многу повеќе за животот и работата на населнието од Неготино и неготинско во минатото.
Ваквите посети на музејот се особено важни за развивање на свеста на младите луѓе за значењето на заштитата на културното наследство, како и неговата постојана афирмација.