19-та Традиционална изложба на ЗЗН"Стари занаети" од Неготино по повод Св.Трифун одржана 13 февруари 2024 година во Музеј на град Неготино! Во изложбениот салон на Музеј на град Неготино се одржа 19-тата по ред традиционална изложба на копаничарски дела од автори кои се членови на здружението “Стари занаети” од Неготино. Околу 30-тина извонредни дела најдоа место на изложбените паноа во Музеј на град Неготино, а присутните љубители на културата имаа можност да видат одлична изложба, која претставува вистинска реткост, ако се земе во предвид дека здружението “Стари занаети” е единствено копаничарско здружение на територијата на државата, а неговите членови вистински ентузијасти кои преку неуморната работа и залагање, својата персонална имагинација и вештина ја претвараат во извонредна уметност.
Автори:
Љиљана Василева
Киро Ристов
Митко Василев
Лазар Стојков
Гоце Петров
Јанко Трајковски
Ване Недев
Ване Ѓорѓиев
Ване Стојков