Се одржа 25-тата изложба на ликовни уметници од општина Неготино
На 7 Ноември во 18.00 часот пред многубројната публика, беше свечено отворена 25-тата традиционална
изложба на ликовни уметници и љубители на уметноста од општина Неготино. На изложбата беа поставени 20
ликовни дела од 12 уметници, изработени во различни техники, акрил, масло на платно, графики, цртежи, со
различна тематика. Изложбата свечено ја отвори претседавачот на Советот на општината Пепица Ѓорѓиева која потенцираше дека и претставува особена чест и задоволство што општина Неготино и Музеј на град Неготино секоја година ја продолжуваат традицијата на одржување на изложбата. Таа истакна дека се гордее што уметниците со својата креативност и талент преку ликовни дела го збогатуваат одбележувањето на овој празник. Упати честитки до вработените во општината и варботените во музејот што по 25- ти пат ја организираат оваа изложба по повод 79 години од ослободувањето на Неготино. Претседавачот на Советот Ѓорѓиева присуството го искористи да им додели благодарници на сите уметниците за нивното учество во изложбата.