Изложбата
"Златниот антички наод од с.Тремник, Неготино" во изложбениот простор МАГАЗА во Битола, е свечено отворена на 20.06.2023 година (вторник), во 12:00 часот.
Оваа изложба е финансирана од страна на Министерството за култура на РСМ, како проект од национален интерес за 2023 година.
Голема благодарност до присутните и директорката на НУ Музеј и Завод Битола, д-р Мери Стојанова за одвоениот простор и достојното гостопримство и посветеното време, се надеваме дека оваа изложба ќе биде мотив за посета и запознавање на битолската поширока јавност со културното наследство од с.Тремник, Неготино и воопшто на државата!