На 07 Април 2023 година (петок), во Музеј на град Неготино беше одржана првата работилница од страна на ЦИСС меѓународна соработка Југ Југ, во рамки на проектот ЕuroPaSt and future.
- Проектот се реализира во рамките на програмата за прекугранична грчко – македонска соработка. Учесници на работилницата беа претставници од општините и културните установи од Неготино, Деми Капија, Гевгелија, Кавадарци и Велес.
- Излагање имаше Горан Бошковски кој кажа за идејата на проектот, историска поврзаност на културните вредности помеѓу Македонија и Грција, што се наоѓаат по текот на реката Вардар. Не станува збор само за археолошките локалитети туку и за спомениците, винариите, спомен куќи и други, што можат да се стават во културна платформа. Целта на проектот е нештата од минатото да се пресликаат и претстават во сегашноста и иднината со понатамошна соработка помеѓу Грција и Македонија.
- Излагање имаше и Гордан Николов, кустос-советник од НУ Музеј на Северна Македонија, кој зборуваше од аспект на менаџирање со културното наследство и бенефитот од истото, во корист на заедницата, односно локално и меѓудржавно поврзување на вредното културно наследство, како мрежно поврзување на археолошките локалитети по течението на реката Вардар, со заедничка туристичка тура.
Вратите на Музејот се отворени за сите настани од која било уметност, но и за различни други активности во корист на заедницата, од локален, национален и меѓународен карактер.