На 07 Ноември 2022 година (понеделник) од18:00 часот во Музеј на град Неготино се одржа
24-та Традиционална ликовна изложба на ликовни уметници од општина Неготино по повод 78 години од ослободувањето на Неготино!
Чест и задоволство е да се биде дел од програмата за одбележување на празникот по повод ослободување на Неготино, особено да се продолжи со организирање на традиционалната ликовна изложба на ликовни уметници од Неготино. Во изложбениог салон на Музеј на град Неготино поставени се 24 ликовни дела од 12 автори, изработени во различни техники, масло на платно, акрил на платно, цртежи и сл., во различни формати и различни тематски определби!
Изложбата за отворена ја прогласи Роза Јаневска, претседател на Советот на општина Неготино, а воедно таа им ги врачи благодарниците на учесниците на оваа изложба!