Изложба на склуптури од Марјан Стојаноски од Прилеп
ПАНТА РЕИ - PANTA RHEI
Изложбата е поставена во Лапидариумот на Музеј на град Неготино
Марјан Стојаноски е дипломиран вајар со реставрација и конзервација. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на Друштвото на Ликовни Уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура “Јордан Грабул“ од друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Има реализирано голем број на изложби, како самостојни така и групни изложби. Учесник е на повеќе ликовни колонии во земјава и организатор на ликовната колонија "ДРЕН" во рамки на програмата за работа во НУЦК "Марко Цепенков" од Прилеп. Живее во Прилеп и е вработен во НУЦК “Марко Цепенков“-ликовна дејност. Осврт за неговото творештво на изложбата даде м-р Бранче Трајкоски.
Во Лапидариумот на Музеј на град Неготино се поставени 10 скулптури изработени од метал и сите елементи се идејно поврзани во техничко несврзано единство, па како такви стојат самостојно со сопствени референци...