Изложбата „Ликовни блесоци од Уметничката галерија од Тетово“ e отворена во Музеј на град Неготино. а е резултат на соработка меѓу неготинскиот музеј и Националната установа Уметничка галерија Тетово.
Поставени се 20 слики од врвни ликовни уметници од колекцијата на Збирката на ликовни дела, кои се всушност приказ на дела со висока уметничка вредност, создавани за време на ликовните колонии, организирани од страна на Уметничката галерија Тетово. Сликите се од светски познатите уметници, Омер Калеши, Павле Кузманоски, Жарко Јакимовски, Невзат Бејтули Кица, Нехат Беќири, Агрон Половина, Атанас Констандини Тицо, Константин Миглорини, Мустафа Арапи и Сефедин Стафа.
Станува збор за проект од национален интерес за 2022 година од областа на визуелни уметности, финансиски поддржан од Министерството за Kултура,