13 јуни 2022 (понеделник) отварање на изложбата- “Златниот антички наод од с.Тремник, општина Неготино“ во НУ Археолошки Музеј на Република Северна Македонија - Скопје
...Најзначајните археолошки и исклучително вредни златни предмети, како инзвонредно културно богатство, доволно говорат каква тежина има оваа изложба, кои што завземаат значајно место во археологјата...Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век п.н.е. и е пронајден на археолошкиот локалитет “Орманков гроб“ с.Тремник, Неготино, претставува еден од најзначајните и најрепрезентативните наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на РС Македонија...
- 2 (две) монети-статери со ликот на Филип II и Александар III,
- 4 (четири) фибули од малоазиски тип со по пет ѕвездасти украсни испусти на лаковите, нозе со масивни стилизирани змиски глави и глави во вид на палмов лист,
- 31 примерок на златни висулци во копјеста форма,
- 32 примерок на златни висулци во вид на лешник,
- 484 кружни алки украсени со гранули,
- 84 мали кружни алки со три реда гранули,
- 2 (два) златни завршетоци од ѓердан во вид на палмети,
- 4 (четири) златни цилиндрични цевчиња од ѓердан украсени со филигран и гранулација,
- 1 (една) мала дводелна кутија (пиксида) од злато во цилиндрична форма богато украсена со филигран и гранулација
- 1 (една) импресивна украсна релјефна плочка-медалјон со претстава на Посејдон кој држи тризабец во левата рака, а лево и десно фланкиран со протоми на два коња.
Изложбата финансиски е поддржана од страна на министерството за култура на РСМ како проект од национален интерес за 2022 година!
Поставката ќе биде изложена до 13.09.2022 година