• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

“Кружните емоции“ Изложба на Петра Јовановска, Вит Павлик и Теодор Бузу


Сподели на Facebook
03.05.2022 г. - Музеј на град Неготино

Неготинско-Чешко пријателство преку “Кружните емоции“ на Петра Јовановска, Вит Павлик и Теодор Бузу.

Изложбата беше збогатена со присуството на заменик амбасадорот Лубомир Пшенка од Р.Чешка и обраќањето на Градоначалникот на општина Неготино, д-р Горан Стојанов.

Преубавата изведба на композициите од Антониј Дворжак, како поздрав до гостите од Чешка, беа во изведба на Емилија Кабранова Филипова-пијано и Силвана Чулева Атанасова-флејта. Понатамошната дружба и разговор со уметниците продолжи во дворот на музејот.

Чешките уметници имаат зад себе големо ликовно искуство, имаат реализирано голем број самостојни и групни ликовни изложби, добитници се на голем број награди, и самите се организатори на меѓународни проекти, симпозиуми во областа на визуелни уметности.

Петра Јовановска е родена 1972 год. во Р.Чешка, има завршено Ф.Л.У. во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координатор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 52 самостојни изложби, голем број од нив во своја организација. Има учествувано во над 300 групни изложби, добитнк е на бројни награди, има

учествувно на многубројни ликовни симпозиуми, колонии.

Вит Павлик, роден 1976 год., има завршено Јужночешки универзитет. Директор и професор е во Уметничка школа во Волари, претседател на здружение АЈВ, градоначалник на Волари, Р.Чешка. Има реализирано голем број на самостојни и групни изложби во Р.Чешка, Германија, Франција, САД и др. Се занимава со сликарство, цртеж и фотографија. Добитник е на број награди во Р.Чешка и Германија.

Теодор Бузу, роден 1960 год, има завршено Академија за уметности и дизајн. До сега има реализирано 96 самостојни изложби, и има земено учество во над 120 групни иложби. Добитник е на многубројни награди во Р. Чешка, Германија, Молдавија, Словачка. Учесник е на голем број меѓународни ликовни симпозиуми и колонии. Работи како професор во уметничка школа во Табор, Р. Чешка.

© Сите права задржани.