Сонатната вечер на Глигор Гелебешев од Лудвиг ван Бетовен - пијано, во Музеј На Град Неготино
1. Соната оп.2 бр.1
2. Соната оп.10 бр.2
3. Соната оп.13 (Патетична)
4. Соната оп.57 (Апасионата)
Глигор Гелебешев својата уметничка наобразба ја започнува во својот роден град Гевгелија во класата на проф. Љ.Улишева. Средно музичко училиште учи во класата на проф. К.Костова и Т.Светиев, а студира на Академијата на уметности во Нови Сад (Србија) во класата на проф. Јокут Михајловиќ. По магистрирањето на ФМУ во Скопје (1997 година) ја започнува својата карирера како солист и камерен музичар. како солист има настапувано на голем број концерти во земјава и странство, концерти со Македонска Филхармонија и со камерниот оркестар на Македонската Филхармонија. Г.Гелебешев реализирал и повеќе трајни снимки за Македонското радио и телевизија.Од 2001 година со својата сопруга Катерина Гелебешева-Костадиновска формираат пијано дуо Гелебешеви, кое со голем успех настапува на најзначајните фестивали во земјата (Охридско Лето,Хераклејски Вечери, Интерфест-Битола, ДММ, Златна Лира …), но и на бројни настапи во странство (Франција, Полска, Романија, Србија, Бугарија, Холандија, Турција, Италија …)