“ЗЛАТНИОТ АНТИЧКИ НАОД ОД с.ТРЕМНИК. НЕГОТИНО“
Изложба на фотографии од ексклузивниот златен антички наод пронајден во археолошкиот локалитет "Орманков гроб", с.Тремник, општина Неготино, единствен на Балканот и пошироко, феноменален во изработката на филигранство и гранулација, презентиран во Келтен-Ромер Музеј во Манхинг-Германија, заедно со златната маска и нараквица од Охрид, вкупна тежина 1.018 гр., 22% каратно злато, датира од IV-III век п.н.е.... Денес се наоѓа во НУ Археолошки Музеј на РСМ во Скопје!!!
Изложбата е финансирана од страна на министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година!
Изложбата содржи 30 фотографии изработени на форекс, врамени, со димензии 100х70 цм., На фотографиите е претставен златниот антички наод пронајден од археолошкиот локалитет "Орманков гроб", с.Тремник, општина Неготино, кој датира од IV-III век п.н.е., во најразлични комбинации со објаснување и легенди напишани на македонски, англиски и француски јазик. Изложбата е практична и изработена да биде презентирана и пред други институции со што ќе се презентира археолошкото богатство и културното наследство од општина Неготино пред пошироката јавност. Особено сме благодарни што во присутните посетители беа двајцата сведоци кои присуствувале во археолошкото ископување и откривањето на овој ексклузивен наод од с.Тремник во 2008 година. Своето искуство и доживување од археолошкото ископување еден од сведоците го презентираше и раскажа пред присутните.
Настанот беше збогатен со убави класични композиции како “Дојранка“ од Трајко Прокопиев и др., изведени на клавир и флејта од страна на Емилија Кабранова Филипова и Силвана Чулева Атанасова.