Пијано рециталот се одржа на 08 октомври 2021 година во 13:00 часот во изложбениот салон на Музеј на Град Неготино
Елена Костовска е родена во Скопје, го завршува Средното музичко училиште "Илија Николовски Луј" во пијано класата на проф.Драгољуб Апостолов. По завршувањето на Факултетот за музичка уметност во класата на проф.Тодор Светиев, во 1997 годона е примена на постдипломски студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија во класата на Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година. Во меѓувреме учествувана натпревари во Р.С. Македонија, зема учество во меѓународниот натпревар во Виоти Валсесиа, Италија 1999 година. Учествува на бројни мајсторски школи кај познати пијанисти и педагози ( В.Крпан, Е.Корољов, А.Валдма) а посебна плодна соработка остварува со пијанистката Жени Захариева од Бугарија, проф. Арбо Валдма од Германија и проф.Питер Фојхтвенгер од Англија. Во изминатите години има одржано низа концерти низ Македонија, Германија, Солун, Софија,, Пловдив и Лондон. Во 2016 година го снима своето прво ЦД, а од 2019 година е почесен член на Фондацијата "Томислав Зографски".
Преубав пијано рецитал, а доказ за тоа е враќањето три пати на бис на Елена од неготинската публика!!!