Во рамки на Велешко културно лето ЛУ Народен музеј Велес во соработка со Општина Велес ја реализира изложбата, Ликовнатa колонија “НЕГОТИНО - 2020“. Колониата се реализира во дворот на Музеј на град Неготно и во манастирскиот комплекс “Св.Ѓорѓи“ исто така во Неготино. Овие две места се избрани како најдобри за сместување на учесниците, нивно дружење и секако творење. Уметниците изработуваа дела по сопствен избор инспирирани од неготинското поднебје околу манастирот “Св.Ѓорѓи“ и во дворот на Музеј на град Неготино, каде што уживаа во археолошките, етнолошките и историските артефакти, кои што дополнително ја предизвикаа нивната инспирација во создавањето на ликовните дела.