Одличен спој на ликовната и музичката уметност во еден мал простор на изложбен салон, но полн и голем со зрачење на истите преку ликовните дела на уметникот Новица Трајковски , емотивното обраќање на Марјана Панова и концертот на триото “АПЕРТО“ во состав на Марина Трајковска-виолина, Момчило Куфојанакис-виолина и Весна Ангелова Христов-пијано со дела од Вивалди, Дворжак, Бах, Шостакович...