18 Maj, Меѓународен ден на музеите, 2021 година во услови на пандемија со протокол на одржување настани!
“50 години РАЦИНОВИ СРЕДБИ“ - едукативна изложба посветена со почит кон КОСТА СОЛЕВ РАЦИН, великанот и основоположник на современата македонска поезија и литература. Изложба посветена на меѓународната поетска манифестација “50 години Рацинови средби“ која во Велес се одржува од 1964 година околу 13 јуни на денот на загинувањето на Кочо Рацин. Изложбата содржи 23 паноа преку кои е претставена целокупната активност на манифестацијата од 1964-2012 година. Со години наназад оваа манифестација ја постигнува целта за подобро запознавање на писателите и љубителите на пишаниот збор и култура на многу земји. На Рациновите средби во изминатите педесет години гостувале а потоа ја презентирале македонската литература и култура во своите земји пистаели од Грција, Украина, Русија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Бугарија и други земји...
Своето исцрпни излагање го презентираше директорот на ЛУ Народен Музеј Велес, Марин Клифов, воедно и кустос-советник историчар. Изложбата беше збогатена со збирка книги од локалната библиотека од Велес во присуство на директорката Гордана Васковска од Велес...