• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

Концерт на ПИЈАНО ТРИО


Сподели на Facebook
14.12.2020 г. - Музеј на град Неготино

Концерт на ПИЈАНО ТРИО во состав

Весна Ангелова Христов-пијано, Момчило Куфојанакис-виолина и Марјан Ивановски-виолончело. во изложбениот салон на Музеј на град Неготино по повод одбележување 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен.
Програма: Л.В.БЕТОВЕН
БАГАТЕЛИ оп.119 (избор)
Л.В.Бетовен ПИЈАНО ТРИО оп.1. бр.1
Allegro
Adagio Cantabile
Scherzo-Allegro Assai
Finale-Presto
Циклусите Багатели иако мал дел од неговиот опус претставуваат
своевиден лирски дневник на овој автор. Багатела претставува мала
инструментална пиеса. За прв пат називот е искористен за циклус пиеси на
Ф. Купрен. Багателата како вид на лирска пиеса е особено развиена од
Лудвиг Ван Бетовен.

Бетовен Лудвиг Ван (1770-1827)-германски композитор и пијанист (од
таткова страна со фламанско потекло), творец чие дело претставува еден од
врвовите на човечкиот дух. Во музичката историја го одбележува зрелото
време на „виенска класика“ воедно назначувајќи го и патот на романтизмот.
Неговиот талент се пројавил од најрана возраст: на дванаесет години веќе
бил заменик на својот учител Кристијан Нефе како оргулист, а од тринаесетата година постојан член на музичката капела во Бон. Неговите
естетски погледи се формирале под влијание на Моцарт и Хајдн, но и под
силно влијание на просветителството. Животниот пат и творештвото на овој
голем композитор биле определени и од податокот - единствен во историјата на музиката - од 1801 постепено оглувувал, се повеќе определувајќи се
за живот на самотник. Бетовен е единствениот во историјата на музиката
што создавал врвни дела следејќи го своето внатрешно уво. Создавал во
повеќе родови но е главно инструментален композитор, автор на ненадминат опус со определувачко значење за натамошниот историски развој во
три области: пијано сонатите (32), гудачките квартети (16) и симфониите
(9). Последниот став на Деветата Симфонија, популарната „Ода на радоста“
со порака кон човештвото за космичка љубов, денес е официјална химна на
Европската унија.

Концертот беше одржан според протоколот за заштита од КОВИД-19

© Сите права задржани.