Во континуираната работа на ОУ Музеј на град Неготино е и одбележувањето на овој прзаник. Музеј на град Неготино својот празник го одбележа со едукативно-ликовна работилница со наслов “Музејот како моја инспирација“ која се одржа во дворот во музејот во соработка со нашите долгогодишни соработници, учениците од ОУ “Гоце Делчев“ од Неготино, заедно со наставничката по ликовно образование Ѓурѓица Станоева, под чија палка работеа, односно ги цртаа и сликаа музејските предмети поставени на постаменти пред нив. Во работна и весела атмосфера се одбележа меѓународниот ден на музеите а воедно и се прослави на ваков начин!!! НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ НА МУЗЕИТЕ!!!