БАХАНАЛИИТЕ на Трајче Чатмов-ЧАТМА изложени во Музеј на град Неготино на 22 септември 2020 година!
Во време на пандемија, затворени граници, изложбените салони низ државата почнуваат да се полнат со изложби на врвни ликовни уметници... Вечерта на 22 септември изложбениот салон и дворот на Музеј на град Неготино беше исполнет со врвна уметност. Изложените 40-тина дела се претставени во експресионистички ликовен израз раскажувајќи едноставни приказни и приказни што во моментот Трајче ги има на располагање како внатрешна вистина. Човечки приказни, моменти секојдневни, банални прикази на основните човечки пориви и чувства. Изрази на љубов, обични прегратки заробени во богат колорит со изразени гестикулации, кои и покрај својата гротескност не служат за потсмев, туку напротив како прикази на основниот меѓучовечки контакт. Колоритот во сликите на Трајче е суштествено поврзан со приказната што се раскажува и е помошно средство за да се нагласат некои елементи со што би се истакнала драматиката во приказот, нагласувајќи ги чувствата што треба да бидат пренесени, а кои гледачот треба да ги доживее...
Гледачите вечерта во музејот во Неготино го доживеаа тоа!
Трајче Чатмов е роден 1971 та година во Скопје . Од 1976 до 1997 живее во Велес ,каде и завршува средно образование. Академската наобразба ја започнува во 1992 година со запишување на Факултетот за ликовни уметности во класата на професот Ана Темкова, каде во академската година 1992/93 година предметни наставници му се по вајарство-професор Васил Василев , како и по графика-професор Костадин Танчев Динката. Во втората година од студиите класата на професор Темкова ја превзема професор Корубин Рубенс а пак третата студиска година класта е водена од професор Душан Перчинков , за да повторно во четврта студиска година, класта ја презема професот Рубенс Корубин , под чие менторсто Чатмов и дипломира. Својата академска наобразба Чатмов ја продолжува повторно во областа на уметноста но овој пат проширена во делот на филозофијата и своите постдипломски студии ги завршува под менторство на професор Родољуб Анастасов –сликарство и филозофија (естетика) под менторство на професор Кирил Темков. Иако егзистенцијалните потреби по дипломирањето ги исполнува со работење како предавач-наставник , подоцна и во други области сепак приматот во неговиот живот го има ликовното творештво. Во својот досегашен опус Чатмов има поминато низ неколку фази на своето творештво за да моментално е обземен и задлабочен во експресионизмот. Своето прво самостојно излагање Трајче го има непосредно по своето дипломирање,во Домот на културата Охрид во 1997 година во склоп на Охридско лето и со тоа започнува неговото претставување како академски сликар. Следни самостојни изложби му се: • 2002 Скопјеизложбен салон при Домот на АРМ и • 2002 Ликовен салон-Велес , • од 2006 до 2008 во Скопје ( изложбен салон Дом на АРМ),Битола во Центар за култура ,Кавадарци( Дом на култура ,, Иван Мазов,, , Прилеп( Дом на култура ,, Марко Цепенков) и ликовен салон- Врање (Р.Србија) , • од 2011 до 2013 Скопје( изложбен салон ДЛУМ), Велес ( ликовен салон) и • 2016 во Скопје галерија Концепт 37, • 2017 во галерија ШТАБ – Белград , галерија 2.0 во Софија, • 2019 во Скопје галерија Концепт 37. Учествувал и на повеќе групни изложби низ сите градови во Р.Македонија и како и надвор од неакако дел од меѓународниот проект ,,МОСТОВИ,, во Минхен(Германија), Варшава(Полска),Мурска Субота (Словенија) , Крагуевац (Србија),Интернационално графичко бианале во Канагава –Јапонија , Велико Трново(Бугарија) , во Дубаи како дел од ,,World Art Dubai 2018 exibition,, и др. Покрај сликарството се занимава и со фотографија , анимиран филм и документарен филм за што и има добиено неколку награди во 1997/8год. (најдобра камера и најдобра режија за кратокиот документарен филм ,,Времиња,,).