• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

3-ТА ДЕТСКА ДЕКУПАЖ ИЗЛОЖБА


Сподели на Facebook
06.06.2018 г. - Музеј на град Неготино

На 08.06.2018 година (петок) во 19.00 часот во дворот на ОУ Музеј на град Неготино се одржа 3-ТА ДЕТСКА ДЕКУПАЖ ИЗЛОЖБА со наслов Декупаж Хуманитарци - Децата за Децата! Изложбата е составена од околу 130 рачни ракотворби изработени од децата од 4 до 11 годишна возраст под менторство на Велика Димова. “ДЕКУПАЖ“ е техника за декорирање на предмети или мебел, од исечени парчиња хартија (салфети, оризова хартија , дури и платно) и нивно лепење на предметите.

Во пракса декупажот со векови наназад се користел за разубавување на обични и стари предмети каде што со крајниот резултат тие изгледаат како вистински насликано уметничко дело. Самиот термин за називот на техниката доаѓа од француското “decuper“ што значи изрежи или исечи. Причините за се поголемата популарност на декупажот лежат во неговата разноликост каде што оваа техника може да се работи на секакви површини (стакло, керамика, дрво и др.) и на предмети од ситни кутии за накит па до големи парчиња мебел. Изложбата е продажна и од хуманитарен карактер.

© Сите права задржани.