ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА COVID-19 ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ВО БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ДРУГИ ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ, ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:
Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри. На влезот да се постави известување за посетителите за задолжително одржување на потребното физичко растојание меѓу посетителите и меѓу посетителите и вработените.
Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).
Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.
Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.
Пред билетарниците, да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорача on-line купување на влезници.
Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.
Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.