Одржана на 01.06,2018 година во 12.00 часот во Изложбениот салон во ОУ Музеј на град Неготино. На изложбата се поставени околу 100-тина предмети од Збирката на етнолошки предмети валоризирана со Решение од Управата за заштита на културно наследство во сопственост на ОУ Музеј на град Неготино. Предметите се со потекло од с.Долни Дисан, с.Горни Дисан, с.Вешје, с.Тремник, с.Војшанци, с.Бистренци, с.Тимјаник. с.Криволак, с.Црвени Брегови, с.Курија и секако од градот Неготино, кои што потекнуваат од почетокот на 18-от се до крајот на 20-от век, собрани по пат на откуп или подарок при теренските истражувања на етнолошкото одделение од 1996 година па се до денес. Предметите се изработени од дрво, керамика, метал, стакло и текстил кои што се употребувале како алатки при изведување на земјоделските работи, во процесот на ткаењето на народната носија, во домашното приготвување на храна и др. Сите овие предмети го доловуваат етно-амбиентот на културното наследство од општина Неготино. Изложбата ја отвори м-р Анита Ѓорѓиеска, виш кустос етнолог од НУ Музеј-Куманово.