Изложба на “ЈАПОНСКИ ГРАФИКИ УКИЈОЕ (UKIYOE) НА ЈАПОНСКИ МАЈСТОРИ НА ДРВОРЕЗИ ОД 17 ВЕК“, одржана на 24.04.2018 г. во изложбениот салон во ОУ Музеј на град Неготино во соработка со ЛУ Музеј на град Скопје. На изложбата беа поставени 28 копии од оригинални графики кои го претставуваат правецот во уметноста УКИЈОЕ кој потекнува од Јапонија а кој извршил големо влијание врз уметниците, импресионити и неоимпресионисти, од западна Европа, Ван Гог, Едгар Дега, Клод Моне и др. На отварањето на изложбата присуствуваше првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Р.Македонија, г-ѓа Кеико Ханеда.