Во рамки на програмата за свечено одбележување на празникот 8 Ноември, ден на ослободувањето на Неготино, во соработка со локалната самоуправа на Неготино, беше и одржувањето на 22-та Традиционална Изложба на ликовни уметници од Општина Неготино. На изложбата присуствуваа и гостите од збратимениот град Попово од Р.Бугарија, кметот на Попово, д-р Људмил Веселинов и др. претставници од општината. На изложбата беа изложени 27 ликовни дела на 15 уметници од Неготино со најразлични содржини, техники, формат и со различни тематски определби, дела на веќе докажани ликовни творци во своето творештво а и дела на нови ликовни дејци. Тие се од нивното најново ликовно творештво кое пак покажува дека Неготино е тло каде што има услови и потенцијал за развивање и афирмирање на ликовната уметност на културната сцена. Ликовната изложба како промотор за унапредување на културните вредности на ликовните уметници од општина Неготино, и не е случајно избрана да биде традиционална и да биде дел од празничната програма за одбележување на празникот на градот Неготино, 8 Ноември, еве веќе 22 години. Културните вредности претставени се преку делата на Цветанка Јованова, Методи Ангелов, Васка Дудин, Велика Глигорова, Киро Јанев, потоа новата Ѓурѓица Станоева, Елизабета Камчева,Сашко Јанев, Петар Ризов, Атанас Јанев и др.