Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник, во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес како резултат на соработката помеѓу НУ Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино. Во рамки на овие археолошки ископувања пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи)....
Сите погребувања од некрополата Мали Дол, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет во развојот. Генерално кога ќе се соберат сите релевантни факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, кој со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група..... Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино, финансирана од страна на Министерството за култура на Р.Македонија според програмата за проекти од национално значење, која со особено задоволство и истата е отворена на 17 октомври 2018 година и ќе биде поставена до 30.11.2018 год. во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино. На изложбата ќе бидат претставени 54 предмети од археолошкиот локалитет “Мали Дол“ поставени во стаклени витрини, 4 банери и 1 рекламно пано.