ИСТОРИЈА
Општинската Установа Музеј на град Неготино е основана во 1978 година со Одлука на Собранието на Општина Неготино и е институција која делува во областа на културата. ОУ Музеј на град Неготино е културно, просветна и научна установа, која преку систематско истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на музејскиот материјал, го шири образованието за културното наследство, трајно ги задоволува културните потреби на работните луѓе и граѓаните и придонесува за унапредување на стручната и научно-истражувачка работа и развој на културата, науката, образованието и други дејности.
ОУ Музеј на град Неготино е музеј од општ карактер, односно комплексен музеј во кој работењето се организира преку организациони единици – одделенија:
1. Одделение за археологија;
2. Одделение за историја;
3. Одделение за етнологија;
4. Одделение за ликовна уметност;
Првата изложба била организирана во 1978 година и содржела материјали од ликовното творештво на познатиот ликовен уметник Димче Протуѓер.
Установата располага со изложбен простор од 450 м2 за постојани музејски поставки и околу 100 м2 за повремени изложби. Во 2008 година е дограден дел од дополнителни 200 м2 со донација од Италијанската амбасада преку фондацијата "Тиквешки вински пат" за развој на вински туризам. Денес во овој простор се наоѓа етнолошко-винската поставка, а во долниот дел е сместен Лапидариумот кој содржи дел од збирката на камена пластика на ОУ Музеј на град Неготино.
ОРГАНИЗАЦИЈА
ДИРЕКТОР
Драгица Чекоровска, етнолог-кустос советник
Образование: Дипломира на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје, мај 1996 година на Природно –математички факултет, на катедра по Етнологија.
Вработување: вработена во ОУ Музеј на град Неготино од 01.10.1996 година како етнолог-кустос. Звањето виш кустос го добива со решение од Рецензионата комисија при Министерството за култура на РМ во ноември 2007 година, реизбор на истото звање е извршено во 2012 година. Запишана на постдипломско-магистарски студии по археологија на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје, насока - античка археологија во 2013 година. Припрема за одбрана на магистерски труд "Античката крамика во ОУ Музеј на град Неготино".
КОЛГЕИУМ
ОУ Музеј на град Неготино - Неготино
Оддление за археологија и ликовна уметност:
Костадинка Филипова, кустос историчар на уметност и археолог
Одделение за етнологија:
Драгица Чекоровска, етнолог-кустос советник
Марија Ристова, благајник
Васка Ѓорѓиева, хигиеничар-курир
Васка Настова, правник
Диме Јанев, музејски техничар
УПРАВЕН ОДБОР
Управен одбор на ОУ Музеј на град Неготино
Претседател на УО: Надица Мицова,
Член (надворешен): Тане Ангеловски
Член (надворешен): Боби Митковски
Член (внатрешен): Марија Ристова
Член (внатрешен): Васка Ѓорѓиева
ОДДЕЛЕНИЈА
АРХЕОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ
ЕТНОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ
ИСТОРИСКО ОДДЕЛЕНИЕ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ