19.04.2016 г.

Грнчарството претставува дел од материјалната култура и сведочи за културните традиции на еден народ. Неговите почетоци датираат од праисторијата, преку антиката, средновековието до денешни времиња, за што дознаваме од археолошките наоди, ликовните извори и пишаните документи. Од минатото до денес грнчарството во својот развој претрпело низа промени како во однос на материјал и начин на изработување така и во однос на форма и орнаментика. Грнчарството е застапено во места каде што за него постојат и природни услови за развој, односно добивање на грнчарска земја-глина. Неготино располага со ваков вид на земја на голема површина посебно по течението на реката Вардар, каде што и ден денес се добива глина за изработка на грнчарски производи.

Автор: Д. Чекоровска Превземете