05.01.2017 г.

Изборот на брачен другар, како кај другото население, така и кај населението во Неготинскиот регион, претставува важна и главна одлука во животот. Тоа не е случајно, штом се знае дека според вкоренетото разбирање, целта на мажењето – женењето, т.е. стапувањето во брак е раѓањето деца, особено раѓање машки деца заради продолжување на лозата. Во овој крај младите најчесто својот брачен другар го избираат од своето село или пак во некое од соседните села. Се сметало дека секој треба да оформи брачна заедница, освен оние лица кои што се умоболни, болни или други кои не се способни да расудуваат за самите себе, односно оние за кои се сметало дека не можат да подигнат и основат брачна заедница.

Автор: Д. Чекоровска Превземете