• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

Недела на виното - Свети Трифун, 2020 г. - Неготино


Сподели на Facebook
13.02.2020 г. - Музеј на град Неготино

НЕДЕЛА НА ВИНОТО, Св.Трифун, 2020 - Неготино!
Богата програма во ОУ Музеј на град Неготино во соработка со локалната самоуправа на општина Неготино, по повод празнувањето на Св.Трифун, заштитник на лозарите!
- Дегустација на индувидуални производители на вино “Вранец“,
- Изложба на дела на локални уметници на тема “Св.Трифун",
- “Раванијада“ и “Зелникот на баба“,
- 16-та Традиционална Изложба на резба на ЗЗН “Стари Занаети“ од Неготино, збогатена со изведба на пијано и виолина од учениците од ООМУ “Владимир Арсовски“ од Неготино!
- Св. Трифун:
Одгледувањето на винова лоза и производство на вино е прастара традиција, таа почнува неколку милениуми пред нашата ера , а во Македонија и Балканот за време на Римското царство. Долгата традиција на производството и употреба на виното е влезена во свеста на народот. Виното како пијалок е присутно во филозофијата, религијата, во песните и во многу обичаи. Првите податоци за виновата лоза од овие простори се од периодот на Неолитот. Најдени се карбонизирани семиња од дива лоза што не значи и дека се произведувало вино. Првите докази за производство на вино на овие простори датираат од периодот на Антиката.
Најдените фрагменти од вотивната плоча со претстава на винова лоза и винови лисја “Баханалии” ни докажуваат за произдвотство на вино на овие простори.
Културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците тоа го сторил Дионис, а според Римјаните бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви - погача, вино и жито. Гроздот е симбол на мудроста, а лозовата пенушка е атрибут на божествата на земјоделието и плодородието и го означува виното на животот, следствено и на бесмртноста. Симболизира жртвопринесување преку врската на виното и крстот.
Св.Трифун, 14 февруари, на овие простори се слави како заштитник на лозарите и овоштарите. Иконописците на многу икони и фрески во нашите цркви и манастири Св.Трифун го прикажале како младо момче кое во десната рака држи срп, со кој ги кроел лозјата и ги калемел овошките.
Обичаите и верувањата поврзани со овој празник упатуваат дека во неговата основа лежи некој голем претхристијански празник поврзан со првите пролетни активности, пред се со обработка на градините и лозјата.

© Сите права задржани.