• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

„Златните археолошки артефакти од неготинско“ во Локален Музеј – Галерија Кавадарци


Сподели на Facebook
07.03.2022 г. - Музеј на град Неготино

По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Mарт,  во салоните на Локален Музеј – Галерија Кавадарци беше отворена изложбата насловена „Златните археолошки артефакти од неготинско“, во соработка со Музеј на град Неготино.

На изложбата беа презентирани експонати од археолошкиот локалитет ,,Орманков гроб’’ кај село Тремник, неготинско, каде е пронајдена остава од златни археолошки предмети, кои се едни од најрепрезентативните во нашата држава. Како раритети нивната археолошка и уметничка вредност е огромна. На изложбата се поставени 30 фотографии од овие експонати кои се наоѓаат во Археолошки Музеј во Скопје.

На изложбата говореа директорот на Музеј Галерија Кавадарци кустос советник Весна Ѓорѓиева, за откриените предмети збор зема виш кустос археолог Раде Атанасов, а изложбата ја отвори авторот кустос советник Драгица Чекорова, директор на Музеј на град Неготино.

 

© Сите права задржани.